Утрински Весник
Македонија

За да си оди порано од работа, работник пријавил бомба во РЕК „Осломеј“

647030586 1223858439924681 8985985026496208835 n.jpg

Полицијата лиши од слобода 44-годишен жител на Кичево откако лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“, со цел да може порано да си замине од работа.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 05 март 2026 година во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го привеле Р.Б.(44) од Кичево, кој бил вработен во РЕК „Осломеј“.


Според информациите, околу 02:25 часот тој испратил порака до својот претпоставен во која навел дека има сознанија дека во еден оддел од РЕК „Осломеј“ е поставена бомба.

По пријавата веднаш биле преземени безбедносни мерки, а полицијата заедно со обезбедувањето извршила проверки на терен. По деталната контрола било утврдено дека во објектот нема поставена експлозивна направа и дека се работи за лажно пријавување.

По спроведената истрага, полицијата го пронашла Р.Б. во викенд-куќа во кичевското село Осломеј, каде што бил лишен од слобода. При разговор со полициските службеници, тој признал дека пријавата е лажна и дека ја измислил приказната за бомба за да може порано да си замине од работа.

Лицето е задржано во Полициската станица Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Националниот ансамбл „Танец“ најавува Велигденски концерт во МНТ

Судот ги ослободи Латас и Лазаров за спорниот подкаст во кој се смееа на силување, обвинителството најави жалба

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година