Утрински Весник
Балкан

За 10 години од Косово заминале над 360.000 граѓани

Kosovo 1.webp.webp

Во последните десет години, повеќе од 360.000 граѓани на Косово добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија, покажуваат најновите податоци на Евростат, заводот за статистика на ЕУ, пренесуваат косовските медиуми.

Само во периодот од 2020 до 2024 година, односно за време на мандатот на премиерот Албин Курти, државјанство во некоја европска земја добиле над 210.000 косовски граѓани.


Во 2024 година, државјанство во ЕУ добиле 38.770 жители на Косово, претходната година 48.937, во 2022 година 46.965, а во 2021 година 43.636.

Овие податоци не ги опфаќаат оние кои нелегално престојуваат во земјите на ЕУ, ниту пак оние кои емигрирале во Велика Британија, САД или Канада.

Од 2015 до 2024 година, вкупно 360.000 косовски граѓани првпат добиле дозвола за престој во некоја од земјите членки на Европската унија.

Од српското население на Косово, ситуацијата е особено тешка – според изјавата на Даниела Николиќ, претседателка на собранискиот Одбор за Косово и Метохија, дури 20 проценти од Србите го напуштиле Косово во последната година. Таа како причини ги наведе систематскиот притисок, институционалната дискриминација и безбедносните закани од владата на Албин Курти.

Можете да прочитате

Бугарија: Заглавениот танкер „Каирос“ кај Ахтопол стабилен, нема податоци за загадување на морските води

Драма во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)

Во Белград протест пред Уставниот суд