Утрински Весник
Спорт

W12 – Адутот на Мерцедес за 2021 година

W12 – Адутот на Мерцедес за 2021 година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мерцедес го откри изгледот на болидот, со кој најсилниот адут на тимот, Луис Хамилтон, ќе се обиде да ја освои рекордната осма шампионска титула. Новиот болид ја носи ознаката „W12“. Мерцедес и оваа сеозона ја задржаа црната боја на своите болиди.

Мерцедес се незапирливи во хибридната ера, освоија седум дупли круни. Шест титули освои Луис Хамилтон, една Нико Розберг.

Покрај Луис Хамилтон, боите на Мерцедес и оваа сезона ќе ги брани Финецот, Валтери Ботас.

Минатата сезона Хамилтон и Ботас победија на 13 од 17.трки.

Наредните денови новиот Мерцедес прв пат ќе се појави на патеките, а официјално ќе дебитира на претсезонските тестирања од 12 до 14.март во Бахреин.

Во Бахреин, на 28.март, ќе започне новата сезона во Формула 1.

> W12 – Адутот на Мерцедес за 2021 година <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини