Утрински Весник
Свет

Вучиќ: За година и пол ќе се соочиме со голема војна

Vucik.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека и понатаму нема информации од Москва во врска со испораката на плин, пренесува Блиц.рс. Вучиќ на форумот BELTALKS, посветен на европската соработка и конкурентност, истакна дека меѓународната политика е сè понерационална:

„Јас сум рационална и прагматична личност, иако понекогаш покажувам повеќе емоции. Но, во меѓународната политика повеќе нема рационалност. Можам да предвидам многу работи, но повеќе не можам ни да претпоставам многу работи“, рече тој.

Тој нагласи дека не може да процени како ќе се развива енергетската состојба во Србија.

„Никој повеќе не сака да ја слуша другата страна. За година и пол ќе се соочиме со голема војна. И луѓето ќе велат дека сум ‘кралица на драмата’, но ја предвидов и војната во Украина. Три месеци пред да започне, зборував за тоа. Дури и моите најблиски колеги ми рекоа дека претерувам. Само ги анализирав податоците, но повеќе од тоа, ги анализирав човечките емоции. Никој повеќе не се грижи за тоа што е вистината“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека нема намера да одговара на нападите од регионот во врска со неговите предупредувања за војна, ниту на обвинувањата за наводна поврзаност со „сараевското сафари“.

Можете да прочитате

Британски војник загинал во Украина

Гејтс: Дел од АИ компаниите ќе пропаднат

Трамп им се закани на Венецуела и Мексико