Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Во Белград се дојдени двајца снајперисти, се уште ги бараме

Vucik.webp.webp
Dik 300x250 mk

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград, но не прецизираше кој би можел да биде целта. Изјавата ја даде за белградска телевизија Прва, во која рече дека во претходните денови и недели, во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, и за кои не ја информирале јавноста.

„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.

Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.

„Но, тоа е нивниот единствен пат, немаат друг начин. Не можат да ја поколебаат мојата волја, не можат да ме победат на изборите и тоа го знаат многу добро“, рече Вучиќ.

Тој процени дека 10-15, до 20 проценти од луѓето во Србија биле „крајно разочарани“ по собирот во Нови Сад на 1 ноември, тврдејќи дека биле „апсолутно сигурни дека се е завршено и дека е прашање на време кога ќе ја дофатат власта и управувањето со парите“.

„Тие го прават тоа поради пари, а не поради идеи и идеали што ги немаат. А потоа тоа не се случило и нема да се случи“, тврди српскиот претседател.

Можете да прочитате

Голем пожар во Загреб – горат автомобилски гуми

Црна Гора на врвот, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија

Вонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија