
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека земјата влезла во изборна година и дека единственото прашање е дали претседателските избори ќе се одржат заедно со парламентарните.
„Влеговме во изборна година, најдоцна за една година ќе имаме избори“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој додаде дека нема новости од САД за српската нафтена индустрија и дека утре ќе се одржи „голем состанок“ по овој повод. Вучиќ истакна дека Србија се соочува со тежок период, но дека се подготвила за него. Претседателот посочи дека СНС ќе анализира каде можело да се направи повеќе и дека ќе бидат потребни значајни промени за подобрување на резултатите на идните избори.


