Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Вечерва носиме важни одлуки за локалните избори и идната власт

Screenshot 2024 03 10 173620.png

Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека вечерва на средба со лидерите на партиите од владејачката коалиција ќе се донесат важни одлуки во врска со организацијата на локалните избори, функционирањето на Народното собрание и идната извршна власт, со цел да се стави крај на сите изборни циклуси што е можно поскоро, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вечерва ќе донесеме одлуки. Ги солушавме сите, ќе дојде Дејан Ѓурѓевиќ и сите други кои најдобро ја разбираат законската регулатива и да видиме како и што со сите избори. Да ја завршиме приказнава, да не го заморуваме народот со глупости, туку да се посветиме на работата, изјави Вучиќ.

Како што соопштија од Претседателството на Србија, средбата ќе се одржи во 18:00 часот во официјалната работна резиденција на претседателот Вучиќ.

-Ни претстојат тешки времиња поради геополитичката ситуација, во исто време мораме силно да буткаме. Никогаш посилно и затоа е важно што побрзо да се формираат сите тела, да се завршат сите изборни циклуси и да почнеме целосно да се посветиме на проблемите на народот и да ги решиме, нагласи Вучиќ.

На средбата според медиумите ќе дојдат лидерите на коалицијата СПС-ЈС Ивица Дачиќ и Драган Марковиќ Палма, потоа лидерот на СДПС Расим Љајиќ, Милан Кркобабиќ од ПУПС, како и претседателот на „Здрава Србија“ Милан Стаматовиќ. Се очекува да дојде и Александар Вулин, лидер на социјалистичкото движење и поранешен директор на БИА.

Можете да прочитате

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина