Утрински Весник
Свет

Вучиќ – Србија издвојува речиси 740 милиони евра за воена опрема

Aleksandar vuchikj

Оваа година Србија ќе потроши близу 740 милиони евра за набавка на воена опрема, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција на 13 јануари во просториите на Воената безбедносна агенција (ВБА).

Вучиќ ова го изјави во контекст на одлуката на Соединетите Американски Држави да им продадат противтенковски ракети Javelin на Вооружените сили на Косово.

Србија во моментов располага со 186 милиони евра слободни средства, кои веднаш ќе ги потрошиме за набавка на оружје од домашните фабрики на наменската индустрија“, рече Вучиќ.

Како што рече, во текот на оваа година ќе бидат готови уште два пакета од 150 милиони и 400 милиони евра за дополнителна опрема и вооружување на Вооружените сили на Србија. Тие пари се издвоени во прилог на 360 милиони евра одвоени во српскиот буџет за дополнително вооружување, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко