Српскиот претседател Александар Вучиќ на Минхенската безбедносна конференција се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар, Олаф Шолц.
View this post on Instagram
„Сериозна и коректна средба со најодговорните луѓе на ЕУ за процесот на дијалог со Приштина, француско-германскиот план и нашите билатерални односи“, порача претседателот Вучиќ на Инстаграм.
На отворањето на Минхенската безбедносна конференција, Вучиќ се сретнал и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли и грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.
„Разговаравме за дијалогот со Приштина, за нашите политички и економски односи. Мислам дека добро ги застапувавме интересите на Србија и луѓето мора да знаат дека нема и не може да има епохални вести. Дојдовме овде и можевме прецизно и рационално да ја објасниме нашата позиција, иако тоа е тешко во ерата на социјалните мрежи. Наидовме на почит од САД, Франција, Германија, Грција, Велика Британија“, изјави Вучиќ, пренесува Танјуг.
Според него, утре ќе продолжи да разговара за дијалогот.
„Борељ беше присутен таму, разговаравме и за неопходноста од формирање на ЗСО, за што ќе разговараме како дел од преговарачкиот план, тие самите кажаа дека знаат кои се линиите што Србија не може да ги помине. Бевме прецизни и јасни и подобро е средбите да траат половина час, а не часови“, рече тој.