Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Се борев и Македонија и БиХ д станат членки на ЕУ

Vucik.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ, не ја исклучи можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја.

Вучиќ беше гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и рече дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се приклучат „на Европската Унија или на некаков вид полуевропска Унија“.

Тој објасни дека се разработува посебен пристап како дел од мировниот договор за Украина, за земјата да може да стане членка од 1 јануари 2027 година, што го оцени како можност за земјите од Западен Балкан кои се надвор од ЕУ.

„За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Северна Македонија“ рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Црна Гора затвори 13 од 33 поглавја од преговорите со ЕУ

Вучиќ: Годинава одиме на избори

Полициско куче открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција