Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Приштина не сака формирање ЗСО, туку само да предизвика воен конфликт

Вучиќ: Приштина не сака формирање ЗСО, туку само да предизвика воен конфликт

Приштина не сака да формира заедница на српските општини на Косово и Метохија иако тоа беше предвидено со Бриселскиот договор уште во 2013 година, туку само да предизвика воен конфликт и Србија во конфликти со НАТО и целиот свет и да се претстават себеси како жртви на балканскиот Зеленски, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Собранието на посебна седница за Косово и Метохија.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ рече дека режимот во Приштина почнал да ги малтретира Србите во Косово, само со цел да ги понижи и да предизвика конфликт.

„По поставувањето на барикадите, нивната единствена намера, бидејќи немаа намера да го спроведат ЗСО, е да предизвикаат војна, да ја доведат Србија во конфликт со НАТО и целиот свет и да се претстават како жртви на балканскиот Зеленски и ние како агресори, како некој што се заканувал – видете го лицемерството – „територијалниот интегритет на суверената и независна држава Косово“, истакна Вучиќ.

Можете да прочитате

Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна

Дводневен неформален состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО во Анталија

Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“