Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше домаќин на специјалниот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле.
„Значаен и отворен разговор со специјалниот советник Дерек Шоле. Изразив очекување САД да ги препознае напорите на нашата земја за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, како и да го искористи своето несомнено влијание и да ја охрабри Приштина да ги исполни своите обврски во согласност со прифатените и потпишаните договори, но и да продолжи дијалогот во духот на искреноста и отвореноста размена на предлози за решавање на конкретни предизвици“- напиша претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм канал.
View this post on Instagram