Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вучиќ по средбата со Макрон: Не доаѓа предвид да се разговара за ЗСО како дел од француско-германскиот план

Вучиќ по средбата со Макрон: Не доаѓа предвид да се разговара за ЗСО како дел од француско-германскиот план
300x250 opst2

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Париз по средбата со францускиот претседател, Емануел Макрон.

dobivaj vesti na viber

„Ги донесов сите документи што ги потврдуваат позициите на Србија, ги предадов, зборував за сериозноста на нашиот пристап, желбата да се стабилизира ситуацијата, но и фрустрацијата на нашиот народ. Српскиот збор значи многу повеќе од нечиј потпис. Разговаравме за европската перспектива, за сите прашања за нашата соработка“, рече Вучиќ.

Вучиќ ја отфрли идејата да се разговара за Заедницата на српските општини во Косово и Метохија како дел од француско-германскиот план за Косово.

„Ни даваат нешто за да го добиеме преку некаков конечен договор, а тоа требало да го има во првиот договор. Мали сме и слаби, не сум особено паметен, но не сум ни идиот. Не правете идиоти од вашето раководство. Нема ништо од тоа“, одговори Вучиќ на новинарско прашање за медиумските шпекулации дека постои план од три точки за решение на актуелната ситуација во Косово, чија суштина е Србија да се согласи да разговара за барањето за ЗСО во рамките на француско-германскиот план.

Српскиот претседател додаде дека го гледа Макрон како искрен пријател на Белград изразувајќи увереност дека и Макрон исклучително ја почитува и ја цени Србија.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа