Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Планирале да го тепаат моето дете

Vucik.webp.webp

Српскиот претседател изјави дека планирале физички напад врз неговото дете на социјалните мрежи.

,,Планирале да го претепаат, да ми го заколат детето ”– напиша тој на својот инстаграм профил.

На прашањето за апсењето на осомничените за планирање на атентат врз претседателот Вучиќ и дали ова е резултат на повеќегодишната кампања против него и неговото семејство, Вучиќ претходно одговори дека не навлегувал во детали и дека не знае точно кои лица се вклучени.

,,Единственото нешто што успеав да го видам беше како треба да го претепаат моето дете до тоа да го заколат. И гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат овие луѓе да бидат ослободени. Станува збор за луѓе кои би колеле нечии деца. Само имајте го тоа на ум. Не рекол некој или кажал, овој или оној ние веќе го имаме запишано како доказ. Што да правите, има различни луѓе. Ако ви ја кажам причината, нема да ми верувате. Зборот е базиран на нешто лажно што би можеле да го прочитаат некаде. А каде можете да претпоставите.” – вели Вучиќ.

Можете да прочитате

Турција планира целосна забрана за продажба на тутунски производи до 2040 година

Конститутивна седница на новиот словенечки парламент, најавени предизвици

Албанија го отвора патот за производство на бродови и борбени беспилотни летала