Утрински Весник
Балкан

Вучиќ оди во Германија на разговори со Шолц за експлоатација на литиум

20241210072228 Big 730x400 17.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе престојува во Германија каде со канцеларот Олаф Шолц ќе разговара за експлоатацијата на литиумот, пренесе Бета.

Вучиќ и Солц ќе ја посетат провинцијата Саксонија, каде ќе разговараат со шефот на саксонската управа за рударство, Бернард Крамер, соопштија од Кабинетот на претседателот на Србија.

Во градот Фрајберг (Фрајберг), каде што се наоѓа седиштето на Саксонската рударска управа, ќе присуствуваат и на презентација на планот за ископ на литиум во рамките на проектот Zinnwald lithium GmbH, се вели во најавата.

Бриселскиот портал Политико прв објави дека Вучиќ денеска ќе ја посети Германија и ќе разговара со Шолц за „одржлива експлоатација на литиум“. Во саботата, Политико потсети дека Вучиќ и Шолц се согласиле да потпишат договор во јули во Белград за снабдување на Европската унија со литиум од Србија за електрични возила, но дека тоа „разбудило масовно движење во Србија фокусирано на загриженоста за економска експлоатација и загадување на животната средина.“

Можете да прочитате

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Проевропските партии во Романија ветија заедничка програма и кандидат за претседател

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија