Утрински Весник
Свет

Вучиќ облечен како Чечен, Кадиров му испрати подароци

Вучиќ облечен како Чечен, Кадиров му испрати подароци

Рускиот народ за нас е братски народ и вековната историја го докажала тоа многупати, а руско-српските односи не може да бидат уништени под никаков притисок“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со пратеникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, објави порталот grozny-inform.ru.

dobivaj vesti na viber

Кабинетот на Вучиќ не објави соопштение за таа средба, а Даудов, претставен како советник на шефот на Чеченската Република за арапски и муслимански земји, на „Инстаграм“ изјави дека се сретнал со српскиот претседател во понеделникот илустрирајќи со заедничка фотографија со Вучиќ.

На фотографијата со Даудов, Вучиќ е облечен во чеченска традиционална национална наметка, во раката држи шубара и подароци добиени од Кадиров, кои му ги подарил неговиот советник и пратеник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Турко Даудов (@turko_daudov)

На почетокот на средбата Даудов ги пренесе поздравите на шефот на Чеченската Република до претседателот на Србија и српскиот народ, а на крајот на средбата на Вучиќ му врачи национална наметка и капа посочувајќи дека „силата на Србите е слична на суровиот карактер на планинарите“.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, а стотици чеченски доброволци се борат во руската инвазија на Украина, која Москва ја нарекува специјална воена операција.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд