Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува новата влада на Србија да биде формирана до 15 март, а конститутивната седница на новиот српски Парламент може да се очекува од 1 февруари. Ова го соопшти Вучиќ во своето обраќање пред новинарите по состанокот Западен Балкан – ЕУ во Скопје. -Мораме брзо да реагираме и да донесеме бројни законски норми поврзани со (меѓународната изложба) ЕКСПО и планот што го претставивме пред два дена. Ова е од клучно значење за нас, рече Вучиќ.
Запрашан за барањата на опозицијата да испрати меѓународна набљудувачка мисија во Србија поради обвинувањата за изборни нерегуларности, Вучиќ повтори дека изборите одржани на 17 декември биле „најчистите и со најмалку поплаки“ од обновувањето на повеќепартискиот систем.
Меѓународните и домашните набљудувачи оценија дека изборите во Србија ги одбележале бројни нерегуларности.