Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“

Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во интервју за РТС дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.

dobivaj vesti na viber

„Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа“, рече Вучиќ

Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.

Вучиќ рече дека „Западот молчи“ затоа што не ги интересира приказната.

Можете да прочитате

Новороденче спасено од утробата на мајка убиена во израелски напад врз Газа

Кремљ не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Трамп во Кина во септември

Романски вицепремиер поднесе оставка поради корупциски скандал