Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека предложил изборите во Белград да се одржат на 2 јуни. -Мојата идеја е следната, да имаме избори во Белград на 2 јуни и тие избори ќе се одржат на 2 јуни, бидејќи моите пријатели се согласија со таа идеја, а јас ќе ви кажам зошто. Сите останати избори ќе се одржат во согласност со уставни и законски рокови, бидејќи никој за ништо не сака да поднесува оставки и тоа беше едногласно отфрлено од сите присутни, рече Вучиќ на прес-конференцијата. Тој изјави дека тие избори Ана Брнабиќ како избрана претседателка на Собранието ќе ги распише на 3 април, така што максималниот рок би бил 60 дена. -Морам да кажам дека немаше притисок. Напротив, Ана Брнабиќ разговараше со претставници на Квинта. Разговарав со нашите пријатели од истокот. Нашите пријатели од истокот никогаш немале никакви проблеми. Тие секогаш ја почитуваат српската демократија и покажуваат голема почит. И им благодарам за тоа. Ана имаше задача да разговара со луѓето од Квинта. Никој од Квинта не сакаше да поддржи каков било вид бојкот или ништо. Не се соочивме со никаков проблем во тој поглед, изјави Вучиќ.