Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Годинава одиме на избори

Vucic4.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека оваа година ќе има избори во Србија и дека е реално тие да се одржат помеѓу октомври и декември.

„Одиме на избори оваа година, а еве тие победуваат со огромна предност, тоа е вистина. Мислам дека изборите ќе бидат наесен, тоа е поверојатна опција“, рече Вучиќ на телевизијата Блиц.

Тој додаде дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија и дека истовремено ќе има парламентарни и претседателски избори.

Вучиќ, исто така, гo коментираше случајот „Генералштаб“ и нагласи дека нема проблем да преземе целосна одговорност за тој случај.

„Јас имам апсолутна одговорност за „случајот Генералштаб“, апсолутна одговорност и чекам да поднесат обвинение против мене. Нема да си дадам помилување, ќе им го дадам на сите други, нема на себе“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Полициско куче открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

Морничаво убиство во Истанбул: Женско тело исечено на парчиња и фрлено во контејнер