Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вучиќ го откажа Европрајд: Имаме многу проблеми

Вучиќ го откажа Европрајд: Имаме многу проблеми
300x250 opst2

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешното обраќање рече дека „Евро Прајд“ ќе биде откажан.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ во своето обраќање до јавноста објасни дека не го радува тоа, и дека тоа ги загрозува правата на малцинството, но дека државата донела таква одлука под притисок на бројните проблеми.

„ Се соочуваме и со тешка криза на Косово, која нема да заврши до 31 октомври“, рече Вучиќ и повтори дека „Србија нема каде да се движи“, но дека нема да се откаже од табличките на КМ, ниту ќе прифати Србите од Косово да не им се гарантира дека можат да излезат и да влезат без документи од Приштина.

„ Значи, одиме во поголема криза и имаме многу проблеми“, додаде Вучиќ.

Тој посочи и на многуте лаги кажани за Парадата на гордоста, за наводите дека Прајд ќе го уништи високиот морал на црквата, каде, како што истакна, литургии држат екскомуницирани монаси, а ги закажуваат некои кои се осудени за семејно насилство и други кривични дела.

Тој додаде дека има многу луѓе кои искрено веруваат дека тоа е големо зло, но дека признава дека откажувањето ги загрозува правата на малцинството, бидејќи државата е притисната од проблеми.

Српскиот претседател рече дека треба да се срамат оние кои парадата ја споредуваат со одбраната на Косово, како и оние партии кои живеат од омраза кон хомосексуалците.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства