Утрински Весник
Македонија

Вучиќ ги посети повредените од Кочани: „Ќе бидете добро, лекарите прават сè“

2232390.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот во дискотеката во Северна Македонија, кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Србија, пренесуваат српските медиуми.

„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа Вучиќ на еден од пациентите, кој лежи во болнички кревет завиткан во завои.


„Ви благодарам, тие се одлични лекари“, одговори младиот пациент.

Претседателот го охрабри: „Само држете се, ви посакувам сè најдобро. Не плачете, ќе бидете добро“.

Вучиќ истакна дека состојбата на едно девојче е сериозна, но не е во животозагрозувачка фаза.

„Имав можност да ги посетам повредените во страшната трагедија во Македонија. Во Клиничкиот центар на Србија моментално се згрижени 9 пациенти, а очекуваме уште 12, со што бројката ќе се искачи на 29“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека повредите варираат од 4% изгореници до многу потешки случаи, а кај некои пациенти најголем проблем се повредите на белите дробови.

„Во Србија вчера пристигнаа 17 повредени, а се очекува уште 12“, додаде Вучиќ, изразувајќи сочувство до македонскиот народ:

„Уште еднаш изразувам длабоко сочувство до братскиот македонски народ“.

Можете да прочитате

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари

14 години од смртта на Киро Глигоров – таткото на македонската независност

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад