Утрински Весник
Економија

Вучиќ: Ќе изградиме нафтовод до Унгарија кој ќе поминува од Северна Македонија

Вучиќ: Ќе изградиме нафтовод до Унгарија кој ќе поминува од Северна Македонија

Србија со години има само еден нафтовод „Јанаф“ и тој минува низ Хрватска, потсетува претседателот, а Хрватска се покажа како несигурен снабдувач. Ќе инвестираме 12 милијарди во инфраструктура во следните шест години – најави тој.

dobivaj vesti na viber

Србија ќе започне со изградба на 128 километри нафтовод Нови Сад – Унгарија. Нафтоводот би можел да чини и до 100 милиони евра.

– Идејата е да се изгради нафтовод низ Северна Македонија до пристаништето Драч, со цел да се вмрежи нашата земја со нафтовод. Може да чини и до 100 милиони евра – изјави Вучиќ.

Имаме доволно нафта за 75 дена ако некој го прекине снабдувањето со нафта и 59 дена за бензин, откри тој.

– Работиме на нови складишта за нафта. Има две понуди. Еден е британскиот предлог, но бараат посебни услови за арбитражи и понуда на конзорциум на наши производители на нафта – рече тој,пренесуваат српските медиуми.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлација од 4,4% беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно

Поскапуваат горивата – 24info.mk