Утрински Весник
Балкан

Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено

Vuchevi .webp.webp

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека секој има право на собири и да го каже своето мислење, но дека насилството и блокирањето на животот не е дозволено.

По повод синоќешниот протест во Белград против ископот на литиум, Вучевиќ истакна дека компанијата „Рио Тинто“ пред 23 години ја донеле во Србија оние кои ги организираат протестите и кои се кријат зад нив.

– „Рио Тинто“ не падна во Србија пред два дена и не се појави од ведро небо. Па, „Рио Тинто“ не го измислил Александар Вучиќ, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека правото на искажување став мора да му се дозволи на секого, но да нема блокирање на животот и прекршување на законот.

– Доколку го прекршите законот, ќе одговарате. Очекувам обвинителството да ги гони сите што го направија ова. Исто како што би ме гонеле мене и министерот Гајиќ и сите вас што сте овде денеска, ако блокираме. Замислете ние денеска да блокираме некоја улица во Париз или ако ја блокираме брзата железница меѓу Париз и Стразбур. Тоа не е дозволено, тоа е насилство, изјави српскиот премиер кој се наоѓа во Париз на затворање на Олимписките игри.

Вучевиќ изјави дека демократијата е изразување на ставови, но дека не е примена на насилство.

– Мораме да ја заштитиме државата и да не дозволиме некој да ни ја одземе државата, да ни ја одземе слободата и неспорно повторувам дека тука има вмешано прсти и странскиот фактор. И тоа не е теорија на заговор и не е нешто што треба да го кажеме за луѓето наводно да би се загрижиле. Би рекол дека дури и оние кои би можеле да имаат економски интерес за ископ на јадарит би сакале да го видат Александар Вучиќ ослабен преку спроведувањето на овој проект, додаде Вучевиќ.

Можете да прочитате

Несреќа во Хрватска, загинаа двајца морнари, еден е тешко повреден

Дачиќ: МВР на Србија овозможи непречено одвивање на железничкиот сообраќај

Реакции и наслови од медиуми во Србија пред денешниот протест во Белград