Утрински Весник
Свет

Вучевиќ: Курти повторно им испраќа порака на Србите на Косово дека не припаѓаат таму

Вучевиќ: Курти повторно им испраќа порака на Србите на Косово дека не припаѓаат таму

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека на Косово „атмосферата е толку запаллива и напната што е доволно да се запали едно кибритче и се ќе тргне во непосакуван правец“, укажувајќи дека премиерот на Косово, Албин Курти повторно испраќа пораки до Србите дека не се пожелни таму.

dobivaj vesti na viber

„Се што сака Курти е целосно да се исчисти Косово од Србите. Командантот на КФОР е во постојана комуникација со Генералштабот (армијата на Србија), а КФОР е свесен за своите обврски, тој е гарант на мирот и е должен да ги заштити сите граѓани на Косово, без разлика на националноста“, изјави Вучевиќ за РТС.

Српскиот министер додаде дека Србија прави се за да ги реши проблемите со Приштина преку дијалог, бидејќи тоа е единственото рационално решение.

Во северниот дел на Косовска Митровица синоќа одекнаа две детонации, а нема повредени во инцидентот во кој најверојатно се активирани шок бомби, јавуваат медиумите.

 

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“