Утрински Весник
Балкан

Вучевиќ: Експлозијата на каналот Ибар-Лепеница требаше да биде изговор КБС да влезе во северниот дел од Косово

Vucevik.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека експлозијата на каналот Ибар-Лепенац била лоша режија на косовскиот премиер Албин Курти, што имала за цел да им овозможи на припадниците на Косовските безбедносни сили (КБС) да влезат на северот на Косово, пренесе Бета.

Тој во гостувањето во Дневник на РТС утрово оцени дека нема конкретни докази дека Србија е вмешана во тоа. „Тој настан требаше да послужи како изговор Курти да ја воведе КБС на север.

Сепак, КФОР го отфрли неговото барање и тоа треба да се каже чесно“, нагласи Вучевиќ.

Тој посочи и дека ќе биде интересно да се слушне што имаат да кажат пратениците на Квинта и на Европската унија за сето ова, како што наведе, особено по забраната за учество на пратениците од Српската листа во работата на косовскиот парламент.

„Да видиме што ќе кажат меѓународните претставници. Што ќе кажат од Квинта и ЕУ. Дали се тоа европски вредности? Дали позитивно ќе го оценат развојот на демократијата и институциите“, праша Вучевиќ.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес