Утрински Весник
Македонија

Втор симпозиум на Друштвото на медицински сестри – инструментарки

20241128202205 Big 730x400 91.webp.webp

Во Скопје денеска ќе биде отворен вториот симпозиум на Друштвото на медицински сестри-инструментарки при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Тимската работа на инструментарките во кадаверичната трансплатација“.

Симпозиумот ќе се одржи во кино салата во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, а како што е најавено, покрај деветте стручни предавања свој говор меѓу другото ќе имаат и министерот за здравство Арбен Таравари, заменик министер за здравство Јовица Андовски, како и национален координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Во текот на симпозиумот ќе биде промовирано и името на хуманитарното друштво при ЗМСТАС „ЗА НАС“ во чест на починатата медицинска сестра која беше донор на органи, подигнувајќи ја свеста за органодарителството.

Можете да прочитате

Вечерва започнува „Ноќно студио“ на 4TV

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Кривично ќе се гони полицаецот што возел без возачка дозвола