Утрински Весник
Спорт

Втор отказ во иста сезона! Бриж го отпушти Скот Паркер по катастрофални 67 дена!

Втор отказ во иста сезона! Бриж го отпушти Скот Паркер по катастрофални 67 дена!

Клуб Бриж му врачија отказ на англискиот тренер Скот Паркер по само 12 меча и 67 дена на клупата на белгискиот клуб. Поранешниот прв човек на Фулам и Борнмут доби отказ откако вчера Бриж беа декласирани со 5:1 од Бенфика во вториот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

„Скот Паркер веќе не е тренер на Клуб Бриж. Тој беше именуван на чело на тимот на 31 декември како замена за Карл Хофкенс. Во 12 меча, Британецот стигна само до две победи“, се вели во кратката објава на Бриж.

Бриж во моментов се само четврти во Јупилер лигата на Белгија (иста позиција како кога Паркер стана тренер), но со 11 поени зад третопласираниот Антверпен.

Паркер претходно доби отказ од Борнмут на стартот на премиерлигашката сезона по катастрофалниот 9:0 пораз од Ливерпул.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари