Утрински Весник
Македонија

Втор конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“

20240524095548 big 730x400 79.webp.webp

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија” го објавува вториот конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов” на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми.

Имаат право да конкурираат студенти запишани на втор и трет циклус студии, чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат, чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов, и кои во текот на студиите постигнале најмалку 8 просечен успех.


Прецизните услови на конкурсот се објавени на страницата на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија” во „Лирскиот дом на Ацо Шопов”:  https://www.acosopov.com/фондација/
Пријавите треба да пристигнат најдоцна до 14 јули 2025 година на оваа адреса:  acosopov.fondacija@gmail.com

Можете да прочитате

(Видео) Пратеникот Петар Ристески – Пеката без срам признава дека вработувал сопартијци бидејќи се членови на ВМРО-ДПМНЕ, а не дека се способни

Уапсен полицаец – службени тајни предавал во казино

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од Кочани