Утрински Весник
Македонија

Втор ден од посетата на унгарскиот миистер за ЕУ прашања Јанош Бока

20250410171506 big 730x400 19.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, кој од вчера е во посета на Северна Македонија, денеска ќе одржи заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Орхан Муртезани. Прес-конференцијата е закажана во 10:15 часот.

Унгарскиот министер вчера во изјава за медиумите рече дека процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде објективен и да се заснова на мерит критериуми.


– Република Северна Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ. Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа, рече Бока.

Тој вчера одржа предавање на Универзитетот Скопје, во кое истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница