Утрински Весник
Спорт

Втор бронзен медал за Албанија во Париз

12439989.jpg

Албанија го освои вториот медал на Олимписките игри во Париз, кој е втор во борење и втор бронзен медал.

Одличјето на Албанците им го донесе Чеченецот, родум во Русија, Ислам Дудаев во дисциплината слободен стил до 65 килограми.

Негов ривал беше Исмаил Мусукаев, уште еден натпреварувач роден во Русија, кој се бореше под унгарско знаме.

Пред Дудаев, медал на Албанија во борење ѝ донесе и Чермен Валиев, исто така во дисциплината слободен стил, во категоријата до 74 килограми.

Валиев, како и Дудаев, е по потекло од Русија, роден во Северна Осетија, но од оваа година се бори под знамето на Албанија.

Од 2022 година, Дудаев се префрли да се бори под капата на Албанската боречка федерација.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност