Утрински Весник
Спорт

ВТА се предаде, пак ќе е има турнири во Кина по бојкотот за Пенг Шуаи

ВТА се предаде, пак ќе е има турнири во Кина по бојкотот за Пенг Шуаи

Женската тениска асоцијација (ВТА) ќе продолжи со своите турнири во Кина во септември, откако 16 месеци ги суспендираа турнирите во азиската земја поради „цензурата“ која наводно ја доживеа нивната тенисерка Пенг Шуаи, која имаше обвинувања за сексуален напад на поранешен член на владата на Кина.

dobivaj vesti na viber

„Суспендирањето на турнирите во Кина беше принципиелен став со кој пративме моќна порака на светот, но тоа не е доволно да с направат промен и ситуацијата нема изгледи дека ќе се промени. Заклучивме дека нашите цели никогаш нема целосно да се смени и во исто време нашите тенисерки и турнири плаќаат преголема цена“, се вели во објавата на ВТА.

На 2 ноември 2021, 37-годишната Пенг, двократна гренд слем шампионка во двојки, објави долг текст на социјалната мрежа „Веибо“, обвинувајќи го поранешнито вице-премиер Жанг Гаоли дека ја приморал да има секс во 2019 година. Пенг исто така објави дека имала чувства кон Гаоли, по што не беше виена во јавност до појавувањето на Олимпијадата во Пекинг во февруари 2022.

Пенг во февруари 2022 во интервју за „Л’Екип“ изјави дека грижата за нејзината добросостојба е „големо недоразбирање“ и демантираше дека направила обвинувања за сексуален напад од Гаоли.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство