Утрински Весник
Македонија

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Пониква, кој не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинскиот премин Пресека до 150 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“. 

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината на условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

Можете да прочитате

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево

СДСМ: Нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владин авион

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите