Утрински Весник
Македонија

Времето во Македонија е многу мачно и спарно, видете зошто!

Oblacno.webp.webp

Попладнево во Македонија имаме сончево и многу спарно и мачно време. Сепак, од запад полека облачноста се зголемува, и токму во овие делови во следните часови ќе има појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, и понатаму во воздухот кај нас е присутна Сахарската прашина и песок, па токму поради тоа атмосферата е заматена и времето е мачно и спарно, а температурите ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.


На табелата можете да ги погледнете температурите измерени по градови и места во нашата Македонија попладнево до 14 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците