Утрински Весник
Македонија

Времето утре со врнежи од дожд

Dozd.jpg

Времето утре претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.

Во Скопје, облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можете да прочитате

 Полиција запрела возач без дозвола, па пристигнале две возила со неколку лица во одбрана

Во тек е постапка за јавна набавка за чартер-летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Се дигитализира системот за заразни болести