Утрински Весник
Македонија

ВРЕМЕТО ТОПЛО – ЛАДНО И ОБРАТНО: Следува многу променливо време, а ќе има и почести врнежи од дожд, а на кратко и снег на планините

Thetaw 850 081.png

Најпрвин стабилен викенд, се до крајот на денот недела, кога очекуваме промена на временската состојба кај нас и врнежи од дожд, како и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, во Македонија  и тоа поради спуштање на студен и влажен воздушен  бран од север, очекуваме врнежи од дожд и снег на повисоките места  и на планините, особено во западните  и во северните предели од државава.

Напоменуваме дека снежната граница накратко би можела да се спушти и на повисоките населени места (под 1000 метри надморска височина)

Сето ова ќе биде проследено и со засилен, до повремено силен ветер од северен правец, и тоа во понеделник (повремено со брзина од над 60 км/час)

Сепак, после оваа промена, од вторник ни се враќаат пролетните температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, но променливото време продолжува, со почести врнежи од дожд, но и со повремено засилен јужен ветер.

Барем одсега гледано, појава на утрински мразеви викендов, како и во текот на следната седмица не се очекуваат.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година