Утрински Весник
Македонија

Временска најава: Утре пороен дожд и грмежи

Grom.jpg

Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира УХМР.

Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.


УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните.

Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

Во Сабота од пред Владата граѓански марш поради загадениот воздух

Левица: Доцни исплатата на парите за членовите на изборните одбори