Утрински Весник
Македонија

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Rek Bitola 1170x877 1.jpeg

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер.

– Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот. Со оглед дека се очекува стабилизација на времето и со тоа и подобрување на квалитетот на јагленот, застојот нема да биде подолг од неколку денови, наведуваат од АД ЕСМ.


Оттаму додаваат дека ќе продолжи производството од ТЕ Битола 3, ЕСМ Енергетика – Когел, расположливиот хидропотенцијал и ветерниот парк Богданци, во согласност со потребите на Универзалниот снабдувач.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните