Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: За еден ден, оваа влада направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавнот на Коалиција ВРЕДИ:

Во еден единствен ден, вчера Владата во која ВЛЕН е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат.


Овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот.

Ние сме во Влада за да покажеме конкретни резултати за Албанците во Македонија.

Вчера беа донесени следните одлуки:

1. Закон за средни училишта на верските заедници.
За прв пат исламското средно училиште, Медресето “Иса Беу” Скопје добива јасен правен статус, чекор што ДУИ го ветуваше, но никогаш не го оствари.

2. Нов Закон за игрите на среќа
Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе. Оваа мерка штити млади животи и семејни буџети од зависност, тема на која ДУИ молчеше со години.

3. 205 милиони евра за здравствена инфраструктура, каде е предвидено и:
Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово
Градба на нова болница во Кичево
Инвестиции што ќе обезбедат достоинствено лекување таму каде што живее мнозинството албанско население.

4. 110,5 милиони денари за нов водовод во Љуботен и Љубанци (Општина Бутел)
Долгоочекуваното решение за чиста вода во предел каде што живеат многу албански семејства конечно станува реалност, наместо политичка флоскула.

5. Санација на спортски терени во сите населени места
Создаваме здрави услови за младите, мотивирајќи ги да изберат спорт, а не пороци, нешто што децении беше оставено во запуштеност.

ВЛЕН вети работа, донесе резултати. За еден ден постигнавме повеќе конкретни добивки за Албанците отколку што ДУИ испорача за цел мандат. ВЛЕН ќе продолжи со истото темпо: реални промени, видливи за секое семејство, во секое населено место.

Можете да прочитате

МЗ: Нула толеранција за корупцијата во здравството

Најчевска го нарече Тошковски „креле неписмено“ по најавата за дивоградбите

Коцевски: Се водат повеќе предистраги и истраги за дивоградби, не се сомневам во работата на обвинителите