Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Груби, одраз на ароганцијата на ДУИ нон грата

Vlen.webp.webp

Соопштение за јавност на Коалиција ВРЕДИ:

Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност?


Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите. Универзитетот е институција која мора да промовира интегритет, одговорност и почитување на законот. Човек кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел спротивен на овие вредности не може да биде позитивен пример за младите, затоа е посоодветна одлуката на Универзитетот да му врачи отказ на нон грата Артан Груби. Коалицијата ВЛЕН претходно и соопшти на пошироката јавност дека просечната оценка на Груби од додипломските студии е 7, што значи дека студент од ваков калибар не може да се појави пред студентите.

Академскиот кредибилитет не се мери само со говори, туку со посветеност на етичките принципи и почитување на општествените норми, кои Груби се чини дека ги поткопувал во текот на неговата кариера.

Оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност која ДУИ нон грата ја негуваше низ годините. Вклучувањето на луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард од оваа партија. Наместо да промовира меритократија и одговорност, ДУИ нон грата им дозволи на личностите вклучени во контроверзи и сомнежи за интегритетот да ги претставуваат политиката и институциите, нарушувајќи ја не само довербата на граѓаните, туку и самите основи на демократското општество.

Можете да прочитате

Даниловски: HMPV не е нов вирус – Без паника за зголемените респираторни инфекции

Во сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките

Возете внимателно: Сообраќајот се одвива во зимски услови, а еве каде има намалена видливост