Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Вработените во МИА продолжија со протестите

Вработените во МИА продолжија со протестите
Img 7972

Со оглед на тоа што барањето на вработените во АД МИА за зголемување на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август 2023 година тие денеска за време на паузата и со времетраење од половина час повторно излегоа на предупредувачки протест пред просториите на Агенцијата.

dobivaj vesti na viber

Самостојниот синдикат на новинари и медиумска работници од почеток ги поддржува колегите во МИА бидејќи оценува дека нивните барање се сосема реални и предупредува дека Агенцијата има исклучително важна улога во целокупното медиумско информирање во земјава.

Вработените во Медиумската информативна агенција на новиот протест ги повторија барањата за зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот. Исто така вработените во МИА најавија дека по неповолниот развој на настаните одново ќе ги разгледаат другите форми на реакција односно преминување на протестот во нова фаза што би можело да претпоставува и прекин на определен период на дистрибуција на вести.

Новинарите и медиумските работници во МИА очекуваат дека за брзо време ќе се изнајде решение во полза на двете страни, а со тоа и не би имало дополнителни импликации на целиот медиумски простор во Македонија.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места