Утрински Весник
Македонија

Вработените во МИА на предупредувачки протест ќе бараат зголемување на платите

ССНМ: Работата на премиерот не е да ја оценува уредувачката политика на медиумите

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.

dobivaj vesti na viber

Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата.

Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА).

„Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум“, велат од Синдикатот.

Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, се најавуваат порадикални чекори.

 

Можете да прочитате

Млад возач излетал од патот Битола-Прилеп, се здобил со тешки повреди

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и пораки и не споделувајте лични податоци

СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна пареа