Утрински Весник
Македонија

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Klima.jpg

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите. Целосно е реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300.000 евра. Од оваа сума, 100.000 евра се обезбедени од фондовската сметка, 100.000 преку донации, а останатите 100.000 евра од сопствени средства на Клиниката.

Просториите се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух.


Климатизацијата на целиот простор создава значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.

Но она што најмногу привлече внимание е хуманоста и сплотеноста на вработените. Од Клиниката го истакнуваат гестот на вработените кои се откажале од субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари. Наместо тоа, Клиниката со овие средства купила две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби. Овој чин, според раководството е суштинска посветеност за доброто на пациентите.

„За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и со вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома – изјави директорот д-р Башким Шабани, кој заедно со стручниот тим, направи целосна трансформација на институцијата.

Можете да прочитате

Вкупно 20 пожари до 19 часот!

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори