Утрински Весник
Македонија

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

20251028143312 big 730x400 71.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Вработените од ова јавно претпријатие бараат исплата на септемвриска плата, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството. 

Протест, како што информира Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје, ќе има и утре, од 10 до 12 часот, на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.


– Се продолжува рокот на штрајкот во мирување заради запазување на сите законски процедури, кои предвидуваат регуларен штрајк. Пробуваме да ги исцрпиме сите законски демократски средства, да успееме да се договориме мирно, изјави Атанас Георгиевски, претседател на Независен синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје. 

Можете да прочитате

Тешко повреден рудар од Пробиштип

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени