Утрински Весник
Македонија

Вработени од градинка во Куманово на протест, не добиле јунска плата

Gradinka 410511.png
Dik 300x250 mk

Вработените од кумановската градинка од осумте објекти од градинката „Ангел Шајче“ ќе излезат на протест во понеленик, бидејќи не им е исплатена јунската плата, соопштија денеска од регионалниот одбор на СОНК Куманово.

Одлуката ја донеле по вчерашниот состанок со членството на синдикалната организација од градинката и претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков.

– Протестот ќе се одржи пред управната зграда на улицата „Моша Пијаде“ од 12:40 до 13:15, поради обврските на вработените во однос на грижа за децата. Ако не се исплати платата, ќе продолжиме со протести, првин пред општината, а подоцна и во центарот на Куманово, изјави претседателка на регионален одбор на СОНК и претседател на синдикална организација во градинката, Цветанка Митевска.

Во моментов течат подготовките за протестот кој ќе биде официјално најавен до институциите, родителите ќе бидат известени. Првично, причина за неисплатената плата е несогласување помеѓу институциите, градинката, општината и Министерствата за финансии и труд и социјална политика. Во кумановската градинка вработени се 232 лица од кои 155 се членови на синдикатот.

Можете да прочитате

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Заедно пиеле па потоа го убил – Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново