Утрински Весник
Македонија

Вработена во МВР наплаќала на рака за издавање лични документи, присвоила 600.000 денари

Скопјанец тргнал да извади брз кредит со фалсификувана лична карта

Вработена во МВР, која работела во одделот за издавање лични карти, на граѓаните им барала пари на рака наместо да им наплаќа со картичка.

dobivaj vesti na viber

Денеска (17.7.2023), Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н. Л., вработена во отсекот за управни работи во Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело проневера во службата по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл. 45 од Кривичниот законик.

Имено, Н. Л. во својство на службено лице што врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари до мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните – баратели на услуги за издавање лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување барање за издавање патна исправа и лична карта под изговор дека можноста за плаќање на ПОС- терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала стекнувајќи се со противправна имотна корист од речиси 600.000 денари на штета на буџетот на РСМ.
Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?