Утрински Весник
Македонија

Вработен во Одделот за сузбивање на организиран криминал вмешан во фалсификување евро монети

Evra.jpg

Во координирана акција меѓу македонската и косовската полиција, како дел од заедничкиот истражен тим помеѓу Основното јавно обвинителство Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Косово, на косовска територија уапсен 34 годишен Ресенчанец.

Лицето Ш.Д. (34) од Ресен, кое било вработено во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, било приведено во текот на вчерашниот ден под сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“.

При извршени претреси на надлежните служби на три локации биле пронајдени и одземени две машини за изработка на фалсификувани монети, шест метални печати во апоени од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети.

Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење.

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар