Утрински Весник
Македонија

Вработен во „Македонски железници“ повреден од струен удар

Pruga Zeleznica Sine Pixabay 2.jpg

Вработен во „Македонски железници“, З.А. (60) од Неготино, бил донесен со изгореници од струен удар во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, а според пријавата во СВР Скопје, повредата се случила додека извршувал работни задачи во Скопје.

На 20.03.2026 во 09:49 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје“, наведуваат од МВР.


Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.

Можете да прочитате

СДСМ: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање 

Приведени 16 возачи, 11 од нив возеле без возачка дозвола