Утрински Весник
Македонија

Вработен во „Комунална хигиена“ го натепал својот колега додека работел, употребил и тврд предмет

Tepacka.webp.webp

56-годишен скопјанец нападнат од 35-годишниот колега додека извршувал работни задачи. Двајцата се вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (20.11.2025) во 22:50 часот во СВР Скопје, С.И.(56) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје, бил физички нападнат од неговиот колега А.Н.(35) од село Грчец, скопско, кој употребил и тврд предмет.

реклама

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ која усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“

Случајот „Онкологија“: За 50 пациенти со рак на бели дробови немало никаква медицинска документација

Жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово