Утрински Весник
Свет

Возрасен маж застрелал девојче бидејќи му пречела вревата во дворот во Германија

1651736525 Shutterstock 1108828922 750x471 1.jpg

Мајката Алиса Карина не можела да насети дека нејзиното дете од дворот ќе и се врати со рана на десната рака, бидејќи со однесувањето наводно ја налутило соседот Карл Хајнц М.(70) од Германија, па ја застрелал со воздушна пушка. Ќерка ми Мајли дојде од соседното игралиште викајќи: „Мојата рака, мојата рака!“, а потоа и видов дупка на надлактицата“, вели Алиса. Остар проектил од воздушна пушка завршил длабоко во десната рака на Мајла, поради што имала комплицирана лекарска интервенција. Соседот Карл-Хајнц М. (70) во вторникот се појавил пред судот во Бад Сегеберг каде рекол дека „пукал во врапче“. „Не пукам во деца кои си играат. Имав проблем со врапче“, објаснил соседот во судот. Порано се обидувал да ги исплаши птиците со петарди. Полицијата му запленила воздушна пушка и муниција, пренесува „Билд“. Мајли е тешко болно девојче на кое му е дијагностициран тумор на мозокот и боледува од неизлечива болест неврофиброматоза, која предизвикува болни израстоци да се појавуваат како промени во нервното ткиво. „Би сакал да ви се извинам за мојата глупост“, рекол соседот Карл и се согласил на итна исплата на отштета од 7.500 евра за девојчето, а судот го осудил на 16 месеци условна затворска казна, пренесува „Телеграф“.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет